Во среда ќе се знае иднината на Вилма Русковска

Од:

Во среда ќе се знае судбината на суспендираната обвинителка Вилма Русковска, која е и шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолески ја закажа седницата на која единствена конкретна точка за разгледување е жалбата од обвинителката. Иако е член, на седницата не е поканет, ниту ќе присуствува државниот обвинител Љубомир Јовески, бидејќи тој ја донесе одлуката да оддалечување на Русковска од обвинителската функција.

„Разгледување и решавање по жалбата СОЖ бр.5/22 на јавниот обвинител на ОЈО ГОКК, г-ѓа Вилма Русковска“, стои на дневниот ред.

Детали од жалбата на Русковска не се откриваат. Таа стигна во рацете на седумте членови на Советот на јавни обвинители. Жалбата беше поднесена во петокот, а Русковска е убедена дека ги побива сите аргументи на Јовески со кои ја суспендираше. Како причина беше наведено тоа што против Русковска се води кривична постапка, а по поднесена кривична пријава од Финансиската полиција за претресот, кој не бил направен согласно закон.

За Русковска, нејзиното суспендирање значи и суспендирање на правото и правдата во државата. Таа кажа дека ваквата одлука е притисок врз неа, кој ќе влијае и на колегите кои водат случаи за висока корупција.

Би можело да ве интересира

Вилма Русковска не е повеќе јавен обвинител – Советот на обвинители едногласно ја разреши од функцијата

Анита Петровска Рајковиќ

Русковска по потврдената супспензија: На ни еден предмет не сум влијаела, можете да прашате било кој обвинител

Кристијан Ландов

За најмногу 60 дена Русковска ќе може да се врати на работа, а ќе остане суспендирана поради можноста да влијае

Кристијан Ландов

Русковска го прогласи Јовески за ненадлежен: Дали претресот e законски одлучува судот

Кристијан Ландов

За малку пари никој не сака да биде истражител кај Русковска и Рајчев    

Васко Маглешов