Екипата на Челзи го победи тимот на Астон Вила со 2:1, со што „сините„ од Лондон ја забележаа и втората победа во новата сезона. На натпреварот од 3. коло на Премиер лигата одигран синоќа на „Стенфор Бриџ“ во Лондон, домаќините дојдоа до предност во 6-минута благодарение на авто голот Антонио Луна. Кристијан Бентеке на истекот на првото полувреме израмни на 1:1.
Втората победа на Челзи сезонава им ја донесе Бранислав Ивановиќ со голот во 73. минута.
Инаку овој натпревар од 3. коло во Премиер лигата се игра порано од останатите, поради настапот на Челзи во УЕФА Супер купот, односно дуелот со европскиот првак Баерн Минхен закажан за во петок.