По одигрувањето на денешните натпревари, 11 екипи им се приклучија на Тетекс и на Гостивар во осминафиналето од Купот на Македонија.
Бранителот на трофејот Тетекс и Гостивар без борба се пласираа во осминафиналето, по откажувањето на Баби и фузионирањето на Корзо и Албарса (не играше).
Денеска беа постигнати следниве резултати:
Зајас – Вардар 2:4,
Локомотива – Напредок 1:5,
Караорман – Пелистер 0:5,
Беласица – Х.Турново 0:4,
11 Октомври – Ренова 0:4,
Могила – Силекс 2:3,
Новаци – Еуромилк 2:1
Корзо – Металург 0:1,
Миравци – Руфеја 3:0,
Борец – Дрита 1:2 и
Љуботен – Македонија ЃП 0:3.
Првото коло од Купот ќе бид комплетирано со утрешните натпревари:
Работник Л. – Шкендија ,
Сатеска – Брегалница и
Карбинци – Работнички.