Претседателот на Чешката Република Милош Земан денеска е пуштен од Централната воена болница во Прага по еднодневен престој, јави агенцијата ЦТК.
Како што соопшти вчера портпаролот на болницата, Земан бил примен во болница на планирани прегледи.
Земан (77), кој користи инвалидска количка, помина повеќе од шест недели во болница минатата година со неодредена „сериозна состојба“ што предизвика загриженост за неговата способност да ги извршува своите должности, пренесува Ројтерс.
Овластувањата на претседателот вклучуваат назначување на премиерот и гувернерот на централната банка, но повеќето од извршните овластувања се во рацете на владата.
Последниот петгодишен мандат на Земан завршува во март следната година.