Пратениците во Собранието на Црна Гора денеска на иницијатива на пет партии предводени од Демократската партија на социјалистите (ДПС) на Мило Ѓукановиќ се изјаснуваат по предлогот за гласање недоверба на владата на Дритан Абазовиќ.
Во пресрет на седницата, Абазовиќ рече дека Владата на Црна Гора „донела историски одлуки“, и дека „останува да се види“.
– Ако некој мисли дека е потребно да се дестабилизира, да се шири омраза кон верските заедници, тоа мислење не можам да го оспорам – рече Абазовиќ.
Како што рече, неговата влада работела на промоција на „граѓанска Црна Гора“.
– Пречат некои опции кои се навикнати на нешто поинакво. Балканот е место каде што луѓето сакаат да ги чуваат работите под тепих, го превртев тепихот. Или ќе одиме напред или ќе останеме, за тоа се разговара во собранието – рече Абазовиќ, пренесува Н1.