ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Ковачевски немаат 80 пратеници за Уставни измени и внесување на Бугарите во Уставот

Од:

Вистинината излезе на виделина, СДСМ и Ковачевски немаат 80 пратеници за Уставни измени и внесување на Бугарите во Уставот на Македонија. Пропаднаа лагите на СДСМ дека уставни измени ќе има велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Димитар Ковачевски ја одби понудата од ВМРО-ДПМНЕ бидејќи знае дека нема доволно пратеници за промена на Уставот. Нека не се плаши Ковачевски. На првата наредна седница нека ги стави Уставните измени на дневен ред во Собранието за да се соочи со реалноста дека нема пратеници за промена на Уставот. Ама ден потоа нека си поднесе оставка и да се распишат предвремени парламентарни избори, за да го слушне и види мислењето на граѓаните за националните предавства кои ги направи на Македонските граѓани и Македонија. Соочен со реалноста и исплашен од предвреми парламентарни избори, Ковачевски бара начин како да избегаа од соочување со граѓаните. Стравот е голем бидејќи знае дека ќе доживее катастрофален пораз. Уставни измени нема да има, и за тоа се гарант пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, нема да успеат заплашувањата и заканите на СДСМ. Нека собере храброст Димитар Ковачевски и нека се соочи со граѓаните на предвремени парламентарни избори се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус