Земјотрес со јачина од 5,7 степени ја погоди источна Индонезија.
Американскиот геолошки институт (USGS) објави дека епицентарот на земјотресот бил на околу 158 километри од селото Лаикит во државата Северен Сулавеси.
Соопштено е дека земјотресот, кој се случи на приближно 30 километри под морето, не предизвикал материјална штета и нема човечки жртви.
Институтот за метеорологија, климатологија и геофизика на Индонезија соопшти дека најверојатно нема да предизвика цунами.
Извор: МИА