Коциќ: Ја ограничивме маржата на најмногу 10 отсто за дрвата и пелетите за огрев, го штитиме стандардот на граѓаните

Од:

Владата предводена од СДСМ во време на светска енергетска и економска криза презема мерки за заштита на економскиот стандард на граѓаните. Донесена е Одлука со која се определува највисока трговска маржа во висина од најмногу до 10 отсто во трговијата со огревно дрво од даб, огревно дрво од бука и пелети за огрев рече на прес конференција пратеникот на СДСМ Ненад Коциќ.

– Оваа одлука важи за сите трговски друштва и трговци-поединци кои учествуваат во трговијата на мало во продажбата на огревно дрво и пелети за огрев, со цел да се заштитат потрошувачите од неконтролирано покачување на цените на стоките за огрев. Одлуката ќе се применува до 31 декември 2022 година, а нејзиното почитување ќе се контролира од надлежните институции. На сила до крајот на септември се уште важат ограничувањата на маржите на основните прехранбени продукти. Сето ова, почитувани е во насока на заштита на стандардот на семејствата од последиците што со себе ги носи глобалната економска криза вели Коциќ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Зеќири: Три месеци нема биолошката терапија за онколошките пациенти

СДСМ: Повторно нема лекови на Онкологија, неспособноста на власта ги загрозува животите

СДСМ: ДПМНЕ продолжува со препакување на измислиците за Филипче

СДСМ: Власта им фрла трошки на работниците со покачување од срамни 1.800 денари

СДСМ: Зошто не е проширена истрагата за Кочани?

(ВИДЕО) Костова: Вработените во Култура понижени – нема поголеми плати, не се почитува Колективниот договор

А1он