Долгорочно, единствениот начин за решавање на проблемите на Западен Балкан е да се забрза процесот на зачленување на земјите од регионот во Европската Унија, изјави словенечкиот претседател Борут Пахор во интервју за Анадолија.
Зборувајќи за руско-украинската војна, Пахор потсети дека и Балканот страдаше од слични конфликти. Тој рече дека долго време се обидува да го сврти вниманието на своите колеги во НАТО и ЕУ на настаните во Западен Балкан.
– Некои земји се под директен притисок од Русија, предупреди Пахор.
Тој подвлече дека сака што поскоро да ги види сите земји од Западен Балкан во ЕУ и рече: Единствено решение е да се забрза процесот за членство во ЕУ. Мислам дека ЕУ треба да стори повеќе. Сличен процес гледаме во односите меѓу Косово и Србија, како и во тензиите меѓу одредени етнички групи во Босна и Херцеговина, каде со стравување се очекуваат изборите. Долгорочно гледано, единствениот начин да се решат овие проблеми е да се забрза процесот за членство во ЕУ“.
Истакнувајќи дека работи и на тоа Босна и Херцеговина да добие статус на кандидат за членство во ЕУ до крајот на годинава, Пахор ја истакна важноста на почетокот на преговорите меѓу Северна Македонија и Албанија за состојбите на Западен Балкан.
Тој рече дека има толку можности колку што има проблеми на Западен Балкан.
Но, претседателот на Словенија потенцираше дека колку што има проблеми, толку има и можности на Западен Балкан.
– Регионот ќе оди на една или на друга страна. Во овој момент акциите на НАТО се од големо значење. Ако продолжи да чека, Западен Балкан ќе биде уште повеќе изложен на Русија и може да има проблеми, рече словенечкиот претседател во интервјуто за Анадолија.
Извор: МИА