Вчера во 15 часот во Полициска станица Гази Баба Е.М.(27) од Скопје пријавил дека околу 11.45 часот на подрачјето на Гази Баба, додека управувал патничко возило „голф 5“, со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувале и М.М.(62) и Љ.И.(27) од Скопје, нивниот сосед Џ.М. агресивно се однесувал и со пиштол испукал неколку куршуми кон возилото.
Повредени лица нема, а полициски службеници преземаат мерки за расчистување на случајот.