(ВИДЕО) ЦУК: Локализиран пожарот кај Дојран и Богданци

Од:

Пожарот кај селото Фурка и браната Паљурци, помеѓу општините Дојран и Богданци е локализиран со здружени и координирани сили во текот на денот со дејство и од земја и од воздух. Огнот е опкружен и догорува само во контролираните површини, „енклави“ – внатрешно согорува, известуваат од Центарот за управување со кризи.

– Со неговото локализирање се прегрупираат силите за негово догасување, така што дел од ангажираните сили ќе догасуваат и ќе дежураат до 24 часот, полноќ, а потоа други сили до рано наутро, кога околу 05.00 часот е предвидено вработени од Јавно претпријатие Национални шуми (ЈПНШ) Подружница Кожув Гевгелија да ја проценат ситацијата на локализираниот пожар на терен, по што, според таа проценка е предвидено избирање на соодветно тактичко дејствување за негово догасување, велат од ЦУК.

„Практично, денеска преку Центарот за управување со кризи (ЦУК), беше побарана и обезбедена воздушна поддршка, па дејствуваа по пожарот од воздух еден полициски хеликоптер од Министерство за внатрешни работи, еден армиски хеликоптер на Министерството за одбрана и авионот „ер трактор“ од Дирекцијата за заштита и спасување заедно со силите на Територјалната противпожарна единица ТППЕ Гевгелија, Доброволно противпожарно друштво Дојран, Комуналец Гевгелија, Комунално Дојран, Јавно претпријатие Национални шуми (ЈПНШ) Подружница Кожув Гевгелија, ТППЕ Кавадарци, ТППЕ Валандово, ДЗС – Валандово, МВР ПС Гевгелија и ТППЕ Струмица, а и дел од локално население, за негово гаснење“, се додава во соопштението на ЦУК.

Би можело да ве интересира

Активни се 14 пожари, четири се под контрола

Сѐ уште е активен пожарот во селото Нерав, и АРМ ќе се вклучи во гасењето

Поради пожарите, прогласена е вонредна состојба во Врање

Пожарот на планината Готен се очекува да се приближи до селото Јаргулица, во зависност од насоката на ветрот

(ВИДЕО) Турција во пламен, се огласи Ердоган: Подигнавме 27 авиони, 105 хеликоптери, десетици илјади луѓе…

(ВИДЕО) Ангелов: Најтежок за гаснење е пожарот на планината Готен

Горан Наумовски