Во јули инфлацијата во Албанија изнесува 7,5 отсто

Од:

Растот на цените, особено на храната и горивата, во Албанија продолжи и во месец јули, што услови понатамошен раст на инфлацијата.

– Во јули инфлацијата достигна ниво од 7,5 отсто што претставува највисока стапка во изминатите две децении, односно по 2002 кога изнесуваше 7,6 процетни. Во месец јули минатата година беше забележани инфлација од 2,2 отсто.

Според Институтот за статистика, ИНСТАТ, раст е забележан кај сите продукти и услуги.

Кај транспортот и прехранбените производи забележени се двојно повисоки цени. Токму овие две групи се оние за кои албанските граѓани трошат најголем дел од нивниот семеен буџет. Во групата исхрана највисоки се цените за млекото и млечните производи, житото и производите од нив, како и зеленчукот и овошјето.

Јулската инфлација е повеќе од двапати повисока од предвидувањата на Централна банка на Албанија од три отсто.

Минатиот месец нивото на инфлација беше 7,4 проценти, во мај 6,7, во април достигна стапка од 6,2 отсто, во март беше 5,7, додека во февруари 3,9 отсто.

За да ги ублажи нагорните ценовни притисоци, преку монетарната политика, Централна банка на Албанија, на почетокот на месецов повторно ја зголеми основната каматна стапка, овој пат за 0,5 проценти и таа сега изнесува 1,75 отсто, што е четврто зголемување годинава.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он