СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да не лаже, нема да има никаква цензура, токму таа партија лустрираше писатели

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ е најмалку повикана да зборува за состојбата во културата и за слободата на изразување. Токму оваа партија ја нарача срамната лустрација на Славко Јаневски славниот македонски писател и автор на првиот роман на македонски јазик“, реагира СДСМ на прес-конференција на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Токму ВМРО-ДПМНЕ еден од кодификаторите на македонскиот јазик, Блаже Конески, го нарекуваше „џуџето од Небрегово“.

Денес, ВМРО-ДПМНЕ извртува изјави и ја плаши јавноста со наводна цензура, што нема врска со реалноста.

Слободата на изразување, која ВМРО-ДПМНЕ за време на 11 годишниот режим постојано ја погазуваше, денес е загарантирана и никој не смее да ја загрозува.

ВМРО-ДПМНЕ едноставно не се откажува од ширењето лажни вести и дезинформации кое им е единствен начин на политичко дејствување“, се додава во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе закон: двојно државјанство да немаат ниту министрите во Владата и да важи веднаш

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа