Почина архитектот Петар Муличкоски, авторот на оригиналната зграда на Владата

Од:

Денеска, на 93-годишна возраст, почина Петар Муличкоски, еден од великаните на македонската архитектура, авторот на оригиналната зграда на Владата, изградена 1970 година.

Муличковски е автор и на Народната и универзитетска библиотека (НУБ) „Св. Климент Охридски“ од 1971, Спомен-костурницата во Кавадарци од 1974, на Стопанска банка во Скопје од 1974 и многу други.

Роден 1929 година во Прилеп, од 1949 до 1957 студира архитектура на Техничкиот факултет во Љубљана. Во 1959 е избран за редовен асистент на Техничкиот факултет во Скопје, а во 1967 за доцент и во 1978 за редовен професор на истиот факултет.

„Посебна преокупација на архитектот Муличкоски претставува архитектонското проектирање во кое внесува нови сознанија како резултат на сестрани истражувања: историски,психолошки, ликовни… Така, во делата на Муличкоски, покрај сеопфатната градежно-техничка дисциплина, надградена е уште една креативна снага – уметничката компонента. Оваа особеност е карактеристична за неговите реализирани објекти користејќи го природниот карактер на градежните материјали: бетон, стакло, метал, дрво и тула, видливи со својата природна структура, текстура и боја. Карактеристика во делата на Муличкоски е и забележителната интелектуална поврзаност со традицијата и градитеското културно наследство, со очигледен истражувачки напор на авторот како предизвик во барањето оригинални решенија со трајни вредности“, се вели во неговата биографија на интернет-страницата „Македонска архитектура“ (МАРХ).

Би можело да ве интересира

Се испокараа Арсовска, архитектите и проектантот на Универзална, никој не може да ја убеди градоначаличката дека објектот ќе биде безбеден

Кристијан Ландов

Договор за соработка меѓу Министерството за култура и Асоцијација на архитекти

Ана Ололовска

Архитектите во одбрана на ресторанот „Парк“, бараат запирање на постапката до целосен увид во документација

Ана Ололовска

Мишко Ралев избран за нов претседател на УО на Асоцијацијата на архитекти

Ана Ололовска

Министерот Бочварски се сретна со Комората на овластени архитекти и инженери

Ана Ололовска

Архитектите од Македонија понудија помош за проценка и санација на штетите во Албанија