Бугарскиот историчар Гоцев: Скопските Македонци се исплашија дека Европа ќе ја препознае бугарштината во Македонија

Од:

Откако македонската влада го прифати предлогот на Макрон и се согласи да почнеме преговори со ЕУ откако ќе ги вметнеме Бугарите во Уставот а притоа да исполниме и многу обврски од билатералниот протокол, експерската јавност во Софија зачести со анализите за историското минато во Македонија и негирањето на нашето потекло, идентитет и јазик.

Колумните на бугарските политиколози, историчари и јазичари се полни со навреди кон Македонците и постоењето на македонскиот јазик, а министерството на Бујар Османи досега не реагираше на ниту еден пишан збор во Софија, ниту пак достави протестна нота за нападите на бугарските експерти.

Последен од нив е историчарот и професор Димитар Гоцев кој во својата анализа вели дека Македонците, или скопските Македонци како што ги нарекува тој, останале шокирани од францускиот предлог затоа што тој предизвикал страв кај нас дека Европа ќе ја препознае бугарштината со својата историја и јазик.

„Бугарите со радост го дочекаа проектот на западната и француската дипломатија, а Македонците, заедно со нивните покровители, се спротивставија. Тие го искинаа и запалија проектот пред очите на Европа и нејзините највисоки лидери во ликот на Урсула фон дер Лајен. Целата омраза ја насочија кон ЕУ.

Македонците беа шокирани од предлогот на Макрон бидејќи ја отвори вратата на вистината. Вистина која се крие и прогонува. Точно е дека таму живеат Бугари кои не можат да се дефинираат како такви, затоа што не им е дозволено. Македонците се плашат дека Европа ќе ја препознае постоечката бугарштина со својата историја и јазик“, вели Гоцев кој е професор по нова историја на Бугарија на софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“.

Гоцев, кој е еден од основачите на Македонскиот научен институт и негов директор 16 години, тврди дека до 1944 година во Македонија се водела народно-ослободителна борба на Бугарите и додека не се реши бугарското национално прашање таму не може да има мир.

„Идеите за автономија, федерација и независна Македонија се бугарски. Кога Југославија се распадна во 1941 година, бугарското население создаде само акциони комитети и бугарската влада, т.е. се дефинира како бугарска уште пред влегувањето на бугарската војска. Движечката сила зад оваа идеја беше интелигенцијата, која помина низ српскиот образовен систем. Овие луѓе не сакаа ниту автономија, ниту федерација, сакаа национално обединување.

Македонизмот дојде во Македонија на бајонетите на Црвената армија, на Бугарите не им беше дадена можност за самоопределување. Сталин и Тито објавија дека нема да има повеќе Бугари, дека населението е измамено дека е бугарско и за тоа создале „македонска историја и јазик“. Секој што се спротивставуваше на оваа идеја беше прогонуван со помош на опскурантистичкиот Закон за национална чест и масакриран. Така елитата на Бугарите била обезглавена. Македонизмот е намерно создаден на антибугарска основа за да се репродуцираат и асимилираат Бугарите.

Македонците до ден денес го чуваат подмладокот на сталинизмот за да можат да се борат против Бугарија. Од друга страна, Бугарија сè уште не може да ги разоткрие корените на македонизмот.
Влезот на Бугарија во Европската Унија има од голема корист за нас. На 1 август 2017 година го потпишавме Договорот за пријателство и добрососедство, но тој не само што не го спроведува Скопје, туку скопските Македонци го нападнаа. Европејците видоа дека зад македонизмот стојат други сили кои ја кочат европеизацијата на Македонија“, анализира Гоцев кој своевремено ја формираше и ВМРО-СМД како наследство на Тодор Александров и Ванчо Михајлов.

извор: БГНЕС

Би можело да ве интересира

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски