Димитров: Употребата на терминот „северномакедонци“ е навреда за Македонците

Од:

Поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров преку социјалните мрежи упати критики дека користењето на терминот „северномакедонци“ е навреда за сите жители на Македонија.

„Во последно време зачести употребата на непостоечкиот термин „северномакедонци“ од страна на претставници на земји – наши пријатели, кои го поддржуваат Преспанскиот договор. Но, еден од двата клучни столба на компромисот на Преспанскиот договор, е токму самоопределувањето како Македонци кои зборуваат македонски јазик, нешто што самиот Договор го гарантира. Со други зборови „Северна Македонија“ е можна само доколку во неа живеат Македонци, заедно со своите сограѓани и тоа така мора да се почитува.

Затоа секоја употреба на терминот „северномакедонци“ освен што е навреда за Македонците е и подривање на Преспанскиот договор. Очигледно е потребен далеку посериозен фокус на нашата дипломатија за овој недвосмислен наратив да се промовира во меѓународните односи и да се превенира оваа појава бидејќи се чини дека во последниве месеци тоа никој не го работи. Тоа е недозволиво. Особено имајќи предвид дека во овој период една земја членка на ЕУ и наш сосед директно го негира токму македонскиот идентитет и јазик. Мора да се работи и проактивно, но и редовно и ажурно да се реагира на секоја погрешна употреба без исклучок се’ додека меѓународната пракса не биде целосно на линија со одредбите на Договорот“, додава тој.

Би можело да ве интересира

Никола Димитров нападнат додека пазарел, вели „болно ни е општеството“

А1он

Димитров: Ние Бугари нема да станеме, ама нема ни во ЕУ да се зачлениме

Горан Наумовски

Димитров: Голема лага е тврдењето дека билатералниот протокол не е поврзан со рамката

Си нашол бугарска верзија за да мафташ – Димитров му врати на Османи

Анита Петровска Рајковиќ

Димитров: Ѓаволот е во деталите, ЕУ не смее да го поддржи наративот на Путин што го користи Бугарија за да и овозможи кандидатура на Украина

Димитров до Ковачевски: Не е точно дека ЕУ ја оправдува уцената на Бугарија, не сте внимателен

Ана Ололовска