Бродот со украинско жито утре пристигнува во либанското пристаниште Триполи

Од:

Бродот „Разони“ со украинско жито што плови под знамето на Сиера Леоне утре ќе пристигне во либанското пристаниште Триполи, јави весникот „Ал Акбар“, повикувајќи се на извор од украинската амбасада во Бејрут.

Бродот „Разони“ ќе испорача 26.000 тони пченка за либански клиент, пренесува агенцијата Тасс.

Бродот „Разони“ во понеделникот утрината исплови од украинското пристаниште Одеса.

Членовите на Заедничкиот координативен центар за извоз на жито од Украина, чие седиште се наоѓа во Истанбул, во средата извршија преглед на бродот.

На 22 јули Русија, Украина, Турција и ОН во Истанбул потпишаа пакет мерки насочени кон решавање на прашањето за испорака на храна и ѓубрива на светските пазари.

Врз основа на договорот се формира и координативен центар чии претставници се задолжени за проверка на бродовите со жито за да се спречи шверц на оружје.

Извор:МИА

Би можело да ве интересира

Литванија е сомнителна кон Украинците мобилизирани од странство: Тие ќе се предадат или ќе дезертираат

Руски проектили ја погодија железничката инфраструктура во Харков, најмалку една жртва

(ВИДЕО) Вреќа со компир му го спаси животот на руски војник од украински дрон „камиказа“

Руската армија ја презеде контролата над Новобахмутовкa

Руските власти тврдат: Три лица загинаа во украинско гранатирање

Руската воздушна одбрана тврди дека соборила 17 украински беспилотни летала

Горан Наумовски