Четири лица се во критична состојба откако гром го погоди плоштадот Лафајет во близина на Белата куќа. Двајца мажи и две жени се повредени и хоспитализирани и се борат за живот, изјави Вито Маџоло, портпарол на противпожарната служба во Вашингтон.
Плоштадот Лафајет, јавен парк од седум хектари лоциран северно од Белата куќа, често е преполн со посетители, особено во летните месеци. Громот удри во четири лица во близина на дрвото, кое стои на неколку метри од оградата што ја опкружува претседателската резиденција и канцелариите.
Температурата во Вашингтон во четвртокот беше повеќе од 32,2 степени Целзиусови. Силно невреме со грмотевици го погоди главниот град на САД подоцна во текот на денот. Припадниците на американската тајна служба и полицијата, кои редовно се присутни на плоштадот, веднаш дојдоа на помош на настраданите, рече Маџоло.
WATCH: Fox weather camera captured this incredible lightning strike around the time the 4 people were struck near White House. https://t.co/9liRqW7tqx @fox5dc pic.twitter.com/fsXTKCpYQq
— Lindsay Watts (@LindsayAWatts) August 5, 2022