(ВИДЕО) Украина реагира: Амнести Интернешнл амнестира терористичка држава

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини „Амнести Интернешнл“ дека се обидува да амнестира терористичка држава, мислејќи на Русија, откако претходно таа невладина организација посочи дека Киев ги загрозува цивилите во војната против Москва.

Зеленски рече дека организацијата „ја префрла одговорноста од агресорот на жртвата“.

Претходно и шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба изјави дека е „огорчен” поради таквите „нефер” обвинувања на АИ.

Во извештајот објавен вчера после четиримесечна истрага, АИ ја обвини армијата на Украина за користење цивилни објекти како училишта и болници за воени бази, како и за започнување напади од населени области, тактики што се спротивни на меѓународното хуманитарно право.

„Агресијата врз нашата земја е неоправдана, инвазивна и терористичка. Ако некој напише извештај во кој некако се изедначуваат жртвата и агресорот, ако се анализираат некои податоци за жртвата, а се игнорираат постапките на сторителите, тоа е неоправдано и не може да се толерира“, додава Зеленски во редовното видео-обраќање.

„Амнести Интернешенл“ во сизвештајот сепак посочува дека украинските тактики „во никој случај не ги оправдуваат неселективните руски напади“.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Цел на рускиот напад беа гасни објекти важни за снабдување на ЕУ

Зеленски најави кога очекува голема руска офанзива

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина