ЈП „Градски паркинг“: Не е во функција наплаќањето преку СМС порака

Од:

ЈП „Градски паркинг“ – Скопје информира дека поради надградба на системот за зонско паркирање, денеска не е во функција наплаќањето преку СМС порака.

Тоа значи дека СМС пораките за наплата на паркинг, од крајните корисници нема да можат да се процесираат до ЈП „Градски паркинг“ – Скопје.

Поради ова, од ЈП „Градски паркинг“ – Скопје ги замолуваат корисниците на зонско паркирање да го користат алтернативниот начин за наплата – со купување на греб картички. Посочуваат дека се работи на што побрзо ставање во функција на надградениот систем и оти јавноста ќе биде навремено информирана штом оваа услуга стане повторно достапна за граѓаните.

Би можело да ве интересира

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Муцунски: Историски важен договор со САД за економијата

САД и Македонија потпишаа договор за реципрочна и фер трговија

Горан Наумовски

Магла на Плетвар, влажни коловози

Мицкоски ги соопшти имињата на членовите на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки ќе биде нов генерален секретар на партијата

Предраг Петровиќ

Променливо време со врнежи од дожд, на планините снег