Жестока реакција на Кина: „Оние што си играат со оган ќе исчезнат“

Од:

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји бурно реагираше на посетата на Ненси Пелоси на Тајван. Тој тоа го нарече „целосна фарса“ и предупреди дека „оние кои си играат со оган ќе загинат“.

„САД го кршат суверенитетот на Кина под превезот на демократијата“, изјави Ванг за новинарите на маргините на состанокот на самитот со министрите за надворешни работи на АСЕАН (Асоцијација на државите од Југоисточна Азија).

Претходно, кинеското Министерство за надворешни работи ја критикуваше Пелоси за нејзината „дрска“ посета на Тајван, додавајќи дека таа „злонамерно се меша во суверенитетот на Кина“ и „отворено се вклучува во политички провокации“.

Кинеската Канцеларија за прашања на Тајван објави денеска во посебна изјава дека Пекинг ќе преземе „казнени мерки“ против оние кои ја поддржуваат независноста на Тајван.

Би можело да ве интересира

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Се зголеми кинескиот извоз

Кина ги зголеми царините за американскиот увоз на 125 отсто

Горан Наумовски

Си Џинпинг: Кина не се плаши и нема да попушти пред неправедната репресија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина гради многу воени бродови со неверојатна брзина, Пентагон е во шок

Трамп: Се надевам дека САД и Кина на крајот ќе постигнат договор за царините

Горан Наумовски