Првиот брод со украинско жито стигна до брегот на Турција

Од:

Првиот брод што вчера тргна од Одеса со украинско жито за светскиот пазар е регистриран денеска во водите на Црното Море во близина на брегот на Турција, јави ДПА.

Бродот „Разони“, што плови под знамето на Сиера Леоне, вчера го напушти украинското пристаниште Одеса.

Турското Министерство за одбрана соопшти дека се очекува вечерва околу 21 часот да стигне до влезот во Босфор.
Координативниот центар во Истанбул е одговорен за инспекција на пратките со жито од три украински пристаништа до светските пазари, дел од неодамнешниот договор склучен меѓу Украина и Русија заедно со ОН и Турција.

Предвидено е бродот да биде подложен на инспекција утре наутро од заеднички контролен тим.

„Разони“, натоварен со околу 26.000 тони пченка, ќе продолжи за Либан по инспекцијата во Истанбул, процес за кој властите во тие земји се надеваат дека може да се повтори за идните пратки.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русија отфрла какво било присуство на европски трупи во Украина

Кос: Украина до крајот на 2025 може да ги отвори кластерите за пристапување во ЕУ

Украински дрон уништи руски бомбардер со долг дострел Ту-22М3

Дугин: Украинците се патетични, глупави неверни губитници без љубов, националисти без нацијa

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот

Калас: Нападите на Русија врз Украина се интензивираа по понудата за прекин на огнот