Опозиција: Ќе нè бркате ли повторно од Собрание со клоци?

Од:

Жестока комисиска дебата за законите за медиуми.Власта брзајќи да ги изгласа законите го прекрши и Деловникот, истиот оној кој го изгласа самата откако ја исфрли опозицијата.

Деловникот предвидува рок од три дена во кој ќе бидат разгледани сите 94 амандмани. Опозицијата праша што ќе се ако амандманите не бидат исцрпени во предвидениот рок.

„Кажете ни што по тие три дена. Ќе го повлечете ли законот или ќе го донесете со сила. Ќе нè бркате ли повторно од Собрание со клоци како што тоа го направивте на 24 декември? Ќе нè исфрлате ли со војници и полиција, кажете ни за да знаеме да се подготвиме. Кажете ако пак мислите да го правите тоа да си земеме шлемови“, рече Благој Стојановски.

Реагираа бурно на ставот на претседателот на Комисијата за транспорт и врски Реџаиљ Исмаили дека оние амандмани кои нема да бидат претресени ќе се гласаат без расправа.

„Власта мрази закони, правила, Устав, тоа не им одговара на нивните тендерски активности. Вие имате проблем со слободата на изразување во Македонија, без разлика дали е новинар, пратеник или граѓанин, власта има проблем кога некој граѓанин зборува“, рече Јани Макрадули.

Тој рече дека работата на Собранието се регулира по непишани правила и даде гаранција дека пратеничката група на опозицијата нема да ги блокира законите за медиуми ако Деловникот се прецизира.

„Одете кај Трајко, познат по семејните афери, и договорете како да не го прекршувате деловникот“, побара Макрадули.

Би можело да ве интересира

Поразот на Украина може да доведе до колапс на земјата и граѓанска војна

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ