На 29.7.2022 околу 15.20 часот во СВР Струмица е пријавено дека во близина на село Миравци, гевгелиско, кај поранешна асфалтна база, од страна на полициски службеници од Полициска станица Богородица, при обиколка на теренот, било пронајдено починато машко лице, за кое се претпоставува дека е мигрант.
Од екипа на Итна медицинска помош била констатирана смрт без видливи траги на насилство.
Увид на местото на настанот извршила екипа од ОВР Гевгелија, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.