ВМРО-ДПМНЕ: Заради Ковачевски народот ќе плаќа поскапи парно и струја

Од:

Заради Ковачевски народот ќе плаќа поскапо парно и струја, над 1.000 денари повеќе секој месец за овие две давачки.

Со одлука на РКЕ на Марко Бислимоски, поради неспособноста и криминогеноста на Ковачевски, парното поскапува за 15%. Со тоа домаќинствата со двособен стан ќе плаќаат над 300 денари повеќе секој месец за затоплување на нивните домови.

Ковачевски не обезбеди евтин енергенс, како што тоа го направија другите европски држави.

Претходно пред само еден месец заради истите причини се покачи цената на струјата, за околу 18% за најголемиот број домаќинства, и 138% за тие кои се греат на струја.

Заради Ковачевски секое нормално домаќинство плаќа скоро 1.000 денари повеќе за струја, а тие што се греат на струја допрва ги очекува шок за време на грејната сезона.

Струјата, исто како и парното поскапи, затоа што власта е неспособна и краде. Државата стана целосно зависна од увоз на скап јаглен, мазут не е набавен, а хидропотенцијалот не се менаџира правилно, сето тоа допринесува за над 1 терават часови помало производство на годишно ниво сега за разлика од кога ВМРО-ДПМНЕ ја водеше владата. А, за да се надомести тоа се одвојуваат милиони за скап увоз.

Со СДСМ и Ковачевски народот ќе плаќа се поскапи сметки, а снабденоста е под знак прашалник.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања