ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителниот акт за модуларната во Тетово не ги опфаќа вистинските виновнци

Од:

Најавениот обвинителен акт за трагедијата со модуларната болница е нецелосен и не ги опфаќа вистинските виновници, туку лица кои се далеку подолу на прирамидата на одговорноста. Тоа само покажува дека и случајот со модуларната болница, исто како и со трагедијата со Дурмо Турс и Беса Травел се водат без да се најде вистинскиот системски причинител, поради кои десетици животи беа предвреме згаснати, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

„Обвинителниот акт не ги дава одговорите која е улогата на министерството за здравство во изградбата на овие објекти, како од надлежните инспекции тие добиле дозвола да работат, која е одговоноста за материјалите од кои беше изграден објектот и редица на други фактори кои доведоа до трагедијата.

Семејствата на настраданите во вакви случај, со вакво судство и обвинителство нема да ги добијат вистинските одговори, како и поради што настрадаа нивните најблиски. Нивната болка нема утеха, но уште поболно е што во Македонија се создава систем на неказнивост во која наместо по коњот се удира по самарот. Затоа за жал системот на неказнивост создава нови и нови трагедии. Тоа мора да престане. Вистинските виновници мора да одговараат и во случајот со тетовската модуларна болница и во секој друг случај, затоа што само така може да се изгради владеење на правото и правна држава“, се вели во соопштението на партијата.

Би можело да ве интересира

Модуларната болница кај Инфективната клиника во Скопје ќе ја користат Затвор Идризово или Министерство за одбрана

ВИДЕО: Протест во Тетово, се бара ново обвинение за пожарот во модуларната болница

Протест пред судот во Тетово: „Имаме 97 жртви, а ниту еден ден затвор за тие кои ги предизвикаа несреќите“

А1он

Наскоро ќе започне судењето за пожарот во модуларната болница

Прилепското обвинителство отвора предмет за оштетената електрична табла до модуларната болница

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бил предупреден за лошиот квалитет на модуларните болници, но не реагирал