Петрушевски бара одговорност и итни реформи по пресудата за модуларната болница во Тетово

Од:

Пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ остро реагираше на пресудата за трагедијата во модуларната болница во Тетово, барајќи целосна одговорност од надлежните институции.

– Ова се ниски, срамни, далеку од правото, посебно од правдата казни за случајот во кој изгореа 14 лица, а се случи во септември 2021 година во Тетово. По ваква пресуда, ни останува само едно, да ги повикаме надлежните, а воедно и да најавиме што е до нас, итни и неодложни реформи во правосудниот систем, изјави тој попладнево пред Основниот Кривичен суд во Скопје.

Според него, секој што учествувал во изградбата, надзорот и управувањето со модуларната болница мора да понесе одговорност.

– Сега мора да ги повикаме надлежните да пристапат кон постапка за разрешување на оние кои се инволвирани во носењето на оваа срамна пресуда за Модуларната болница во Тетово. Воедно ја повикуваме Управата за јавни приходи да го испита потеклото на имотот на судијата кој ја донесе оваа срамна пресуда, дополни Петрушевски.

Нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи секаков израз на незадоволство од пресудата.

Тетовскиот Основен суд денеска ги прогласи за виновни поранешните директори на Клиничката болница Тетово обвинети за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ во врска со пожарот во модуларната болница на 8 септември 2021 година во кој 14 луѓе го загубија животот. Тие добија по година и шест месеци ефективна затворска казна. Правното лице ЈЗУ Клиничка болница Тетово беше прогласено за одговорно за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Слугата на официјална Софија – Филипче, се фаќа за сламката Бугари во Устав

А1он

(ВИДЕО) Петрушевски: ОЈО да истражи дали Богац требал да добие 10% од местениот тендер вреден 18 милиони денари

(ВИДЕО) Петрушевски: Синдикалните членарини не смеат да служат за привилегирани патувања и луксузни игри на Јадранот

Петрушевски: Заев и Филипче да одговорат дали бил договорен процент од продажбата на станбените единици на Дака во Тетово

(ВИДЕО) Петрушевски: Дака му дал 300.000 евра на Заев за да добие повратна услуга

(ВИДЕО) Петрушевски: Молкот на СДС отвора сомнежи, хистеријата и стравот од одговорност ги направи заложници на криминалот