Манасиевски: Судството како пупка, за едни мајка, за други маќеа, срамна пресуда за пожарот во Модуларната болница во корист на Филипче

Од:

Срамни пресуди за пожарот во Модуларната болница во Тетово, во којшто загинаа 14 луѓе.

Во секоја друга држава осудени ќе беа сите кои на некој начин се поврзуваат со случајот и допринеле во трагедијата, а казните ќе беа во десетици години. Кај нас осудени се директори на болници, а казните се како за кражба за гуми.

Судот ги казни екс директорот Флорин Бесими и екс економскиот директор Артан Етеми, со по 1,5 година затвор, рече Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Судството отворено како пупка од страна на Зоран Заев, продолжува да биде за едни мајка, а за други маќеа. За кубење на коса се добива 4 години затвор, а за пожар во болница каде што гинат 14 луѓе, само 1,5 година затвор. За лица блиски до СДС и ДУИ, правдата не постои.

Оваа срамна пресуда е доказ за тоа дека СДС и ДУИ, го контролираат правосудниот систем и одлучуваат по нивна волја, а не според правни норми.

Овие кои се осудени, а се дел од СДС и ДУИ и не се привилигирани како Филипче и мора да добијат казна, макар и минимална, негодуваат и го вперуваат прстот во вистинскиот виновник.

Во својата одбрана пред судиите, екс директорот на тетовската болница, Флорин Бесими, вели дека не се согласува со пресудата и дека на обвинителната клупа треба всушност да седне тогашниот министер за здравство, Венко Филипче.

И луѓето дел од системот, како Бесими, кои добиле ниски казни затоа што се од СДС и ДУИ, точно знаат кој е виновен.

Ова судство го бираа и организираа баш тие. А сега има борба кој да се пушти низ вода со ниски казни, а кој воопшто да не се појави на суд, рече Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618

ДИК: До 18:30 излезеноста 44,57 отсто, гласале 7.241 избирачи