Директорот обвинет за реваншизам, дента кога го посетил Боки 13 се фотографирал во „Идризово“

Од:

Фотографии објавени на социјалните мрежи од Управата за санкции, потврдуваат дека директорот Марјан Спасовски бил во затворот „Идризово“, истиот ден за кој „А1он“ објави дека разговарал со Бојан Јовановски-Боки 13, а пред да го преместат во скоро најлошите услови. Во 13-те објавени фотографии, нема од посетата на Јовановски, но има со полициските службеници на кои им делел легитимации.

Во текстот на објавата меѓу другото стои: „Денеска во тренинг центарот во Идризово директорот на Управа за извршување на санкциите одржа настан“, а датумот на објавата е 12 јули, денот кога Јовановски од полуотвореното одделение беше однесен во затворениот дел на затворот. Ова е и денот кога при разговорот, Спасовски дознал дека Јовановски има нарушено здравје. Но и покрај ова, не презел ништо и го оставил во старата зграда на затворот, каде е преместен во нехумани услови.

Марјан Спасовски веќе втора недела молчи за овој случај. Нема реакција ниту на  обвинувањата од адвокатот Сашко Дуковски, бранител на Јовановски, дека преместувањето е поради реваншизам. Официјално, ниту осуденикот, ниту адвокатскиот тим, ниту „А1он“, не доби објаснување кои се правните причини за ваквото селење на осудениот.

Досега, не е постапено ниту по укажувањето од Народниот правобранител. Тој констатира дека условите каде е ставен Јовановски се далеку полоши од претходно, како и дека согласно неговата здравствена состојба, мора да биде преместен од просториите каде се наоѓа.

Нема одговори ниту од новиот директор на затворот „Идризово“, Шпенд Тахири. „А1он“ се обиде и телефонски да го исконтактира, но тој во два наврати не одговори на повиците, а ниту на прашањата испратени по мејл.

Јовановски е хоспитализиран во болница, по влошување на здравствената состојба. Адвокатот Сашко Дуковски кажа дека лошите затворски услови каде беше преместен осудениот влијаеле за неговата состојба. Се прават испитувања и се чека одлука, дали Јовановски ќе биде и опериран.

Шпекулациите за преместување на Јовановски-Боки 13 во овој дел на затворот почнаа откако тој се согласи да даде интервју за „А1он“. Адвокатскиот тим на Јовановски се сомневаше дека преместувањето би било реваншизам со кој ќе се овозможи молк и дупла казна. Управата за извршување на санкции тогаш одбиваше да даде одобрение.

Јовановски е правосилно осуден за случајот „Рекет“ на деветгодишна казна. Втората казна за која е осуден на девет години е за случајот „Меѓународен сојуз“. Оваа одлука е првостепена и не е правосилна.

Би можело да ве интересира

Боки-13 до Кривичниот суд: Доволен доказ за тоа кој е манипулатор е 8 процентната доверба во судството

„Марјан Спасовски ми правеше притисок за Боки 13, викаше дека бараат СДСМ, а сакаше да рекетира“, сведочи ексдиректорот на „Идризово“

Боки 13 пред можна операција со висок ризик за смртност

Кристијан Ландов

Боки 13 е преместен во лоши услови поради анимозитет, адвокатот впери прст во Управата за санкции

Боки 13 хоспитализиран во болница со влошено здравје, се одлучува дали ќе биде опериран

Почна постапка за одземање на дозволата на 1ТВ

Мери Јордановска