Боки 13 пред можна операција со висок ризик за смртност

Од:

Низа испитувања му се прават на Бојан Јовановски-Боки 13, по кои треба да се одлучи дали ќе му се отстрани желудникот. Двајца хирурзи ја разгледуваат секоја можност за да му се подобри здравствената состојба, откако тој беше хоспитализиран во болница. Докторот Божин Ефтимов за „А1он“ посочува дека прават обиди за да се подобри здравјето на Јовановски без операција, но испитувањата ќе го дадат конечниот одговор.

„Доколку не дојде до подобрување на здравствената состојба пациентот ќе мора да биде опериран. Се прават дополнителни медицински иследувања по кои ќе донесеме одлука“, вели хирургот Ефтимов.

За здравствената состојба на Јовановски веќе има низа извештаи. Според истите, операцијата за отстранување на желудникот е со висок ризик и процент на смртност.

„Станува збор за хируршки зафат кој што би значел целосно отстранување на желудникот, што би значело доживотен и целосен инвалидитет на пациентот. Тоа е операција со висок ризик“, изјави доктор Божин Ефтимов, специјалист хирург за „А1он“.

Здравствените проблеми со желудникот на Јовановски траат одамна. И претходно, поради влошувања на состојбата, Јовановски беше хоспитализиран, но и итно опериран од перфориран улукус на желудник. Тој во затворот „Идризово“ мораше да ги почитува лекарските насоки и препораки, за да не дојде до компликации.

Неговиот адвокат Сашко Дуковски, посочи дека големо влијание за влошување на здравјето имаат и затворските услови во кои беше ставен Јовановски последниов месец. За истите, Народниот правобранител кажа дека се несоодветни на неговата здравствена состојба и побара од затворот да реагира, односно го премести Јовановски.

Во затворот „Идризово“ и Управата за извршување санкции знаеле дека Бојан Јовановски-Боки 13 има проблеми со здравјето, но сепак го преместиле во скоро најлошите затворски услови. Потврда за ова се медицинските извештаи достапни за затворскиот директор Шпенд Тахири, кој раководи со затворот и одлучува за сместувањето на затворениците.

За ова знаел и Марјан Спасовски, директор на Управата задолжена за контрола над затворите, но не презел ништо. Тој бил информиран минатата недела. „А1он“ дознава дека пред Јовановски да биде преместен во лошите услови, Марјан Спасовски бил во посета на затворот „Идризово“, каде седел и разговарал со осудениот, меѓу другото и за нарушеното здравје. Неколку часа подоцна, Јовановски е однесен во старата зграда на затворот.

Би можело да ве интересира

Апелација ја укина пресудата за „Меѓународен сојуз“, случајот се враќа на повторно судење

Одбраната на Боки 13 бара укинување на пресудата за „Меѓународен сојуз“

Бојан Јовановски: Со оваа здравствена состојба не можам да бидам во затвор

Боки-13: Прво селфи во слобода по четири години затвор

Горан Наумовски

Боки 13 пуштен на слобода: Затворската казна во прекин поради лошата здравствена состојба

Александар Тодески

Боки 13 уште е во болница, Апелација ја одложи јавната седница за „Меѓународен сојуз“

Катерина Ѓуровски