Чулев по 25 години доби суспензија од Агенцијата за разузнавање, обвинува за закани, уцени и прогон

Од:

Наќе Чулев доби суспензија, пред да му биде врачен и отказ од Агенцијата за разузнавање, каде во минатото беше и директор. Тој веќе не оди на работа и е раздолжен со АНБ. Причните не се откриваат, а Наќе Чулев на социјалните мрежи објави само дека тој е професионалец кој својата кариера ја градел чекор по чекор. Отказот на Чулев доаѓа по 25 години работа во Агенцијата, а откако тој беше технички министер за внатрешни работи. Чулев имал и дисциплински постапки кои ги поведувале против него, но според сознанија на „А1он“ и пресуди каде тој добивал тужби поднесени против решенија на АНБ.

„Сите овие години бев во првите редови на одбраната на уставниот поредок, територијалниот суверенитет и интегритет и безбедноста и интересите на Македонија. Ја сакам државата и придонесував за неа. Учествував и во многу операции за поддршка на меѓународната безбедност за што имам добиено награди и признанија како од неколку поранешни директори на матичната институција и претседателот на државата, така и од меѓународни партнери“, вели Чулев.

Тој решението за суспензија, која е неминовна пред да се врачи отказ, вели дека е поради политички прогон.

„Во изминатиот период во неколку наврати испратив јасна порака и денес повторно и недвосмислено повторно го правам тоа. Политичкиот прогон, сите притисоци, закани и уцени кон мене и другите припадници на безбедносната заедница нема да вродат со плод. Ние и понатаму ќе бидеме со полн капацитет во одбрана на Македонија и македонските интереси, а сите оние кои постапуваат незаконски ќе одговараат за тоа пред надлежните институции“, додава Чулев.

Тој смета дека Власта која ја нарекува „криминална“, удрила по него и професионалниот интегритет.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Чулев: Граѓаните чекаат за документи во нехумани услови, Спасовски на товар на граѓаните прави екскурзии низ САД

А1он

Чулев: Употребата на полицискиот хеликоптер за политички цели е класична злоупотреба, ДКСК да го истражи случајот

Дисциплинска за началникот од МВР кој напиша „Да живее Палестина“ на Фејсбук

Катерина Ѓуровски

Чулев: Не се пречка уставните измени за евроинтеграциите, туку високата корупција

Чулев: МВР на Спасовски извршило неправилен избор, „Индустри сервис“ има неправилно пополнета спецификација

(ВИДЕО) Чулев: Спасовски доделил речиси 13 милиони евра на компанија на чие отворање самиот присуствувал