Пол Сорвино, можеби најпознат по улогaта на Пол Цицеро во гангстерскиот еп на Мартин Скорсезе – „Добри момци“ (Goodfellas), почина на 83-годишна возраст, соопшти во понеделникот портпаролот на актерот.
Сорвино, исто така познат по портретирањето на полицискиот наредник Фил Серета во ТВ-сериjaта „Закон и ред“ (Law and Order) од 1990-тите, работеше во филмот и телевизијата повеќе од 50 години.