Почина Дејвид Тримбл, поранешниот премиер на Северна Ирска и добитник на Нобеловата награда за мир за неговата работа за помирување меѓу протестантите и католиците во Северна Ирска.
Тримбл почина вчера на 78-годишна возраст, соопшти Унионистичката партија Алстер.
„Со голема тага семејството на Лорд Тримбл објави дека тој почина мирно по кратко боледување“, се вели во соопштението на семејството објавено од неговата унионистичка партија Алстер.
Тримбл, протестант, влезе во политиката во раните 1970-ти и помогна да се потпише мировниот пакт на Велики петок со католикот, покојниот Џон Хјум, со кого ја сподели Нобеловата награда за мир.