Две лица загинаа, а најмалку пет се ранети во пукање во парк во населбата Сан Педро во Лос Анџелес.
„Веруваме дека пукањето започна по расправија меѓу две страни. Продолжуваме да го пребаруваме паркот за докази и евентуални дополнителни жртви“, изјави капетанот на полицискиот оддел во Лос Анџелес, Кели Муниз на прес-конференција.
Во моментот на инцидентот во паркот се одржувал неформален саем на автомобили. Четворица мажи и три жени биле пренесени во локална болница, од кои двајца подоцна биле прогласени за мртви.
„Постои можност дека имало повеќе од едно лице кое пукало од огненото оружје“, рече Муниз. Засега нема апсење во врска со овој случај.