СДСМ: Сé што кажа Мицкоски излезе обратно, барањето за референдум е фарса

Од:

Сé што кажа Мицкоски излезе обратно, барањето за референдум е фарса. Сите лаги на антиевропската коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ потонаа. Нема бугаризација и асимилација, туку почеток на преговори за членство во Европската унија, со заштитен македонски идентитет, со чист македонски јазик, велат од СДСМ.

„Европската Унија нѐ прифаќа како Македонци кои говорат македонски јазик со безусловно почитување на достоинството и посебноста на македонскиот народ и неговите, идентитетски, историски и културни особености. За ова ниту се преговара, ниту ќе се преговара.

Мицкоски умееше да ги заплашува граѓаните и со федерализација и кантонизација, дека ќе плаќаат казни ако не научат албански јазик, дека на сто илјади беглаци ќе им се дадат државјанства и со што уште не.

Сé што кажа Мицкоски излезе обратно. Сега кога државата, по 17 години чекање ги започна преговорите за членство во Европската унија, Христијан Мицкоски бара референдум против заклучоците на Собранието, усвоени со 68 гласа „за“ и ниту еден против, бидејќи пратениците на Мицкоски не смогнаа сили ниту достоинство да гласаат „против“ во македонското Собрание, туку побегнаа.

Добро е познат односнот кон референдуми на ВМРО-ДПМНЕ. Бараа референдум и за Договорот од Преспа, па го бојкотираа. Собираа потписи за референдум против пописот па на крајот се откажаа и од тоа.

Последното барање на Мицкоски за референдум против заклучоците на Собранието против чиста формулација на македонскиот јазик во ЕУ, не е ништо друго освен негова фарса наменета исклучиво за негови внатрепартиски потреби.

Мицкоски и неговиот проруски партнер Апасиев останаа изолирани на погрешната страна на историјата, против Европската унија, против стратешките определби на земјата и граѓаните.

Нивната антиевропска коалиција се обиде не само да ги блокира евроинтеграциите, туку и да ја дестабилизира државата со насилни протести и крвави сценарија. СДСМ, заедно со граѓаните тоа нема да го дозволи. Референдум против македонски јазик во ЕУ нема да поддржиме“, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски