Италијанскиот првак Милан неочекувано загуби со 3:2 од Залаегерсег на гостувањето во Унгарија. Ако се суди според почетокот на подготовките, тренерот Стефано Пиоли не може да биде задоволен со составот со кој располага.
Залаегерсег за половина час постигна дури три гола преку Убочиома, Мочи и Тајти.
Жиру од пенал намали на 3:1 во првото полувреме, а Раде Круниќ во завршницата од мечот го постави конечниот резултат.
Извор: МИА