Има разлика меѓу тоа што чувствуваат Македонците за Русија и она што го прават нивните политичари, вели шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во интервју за годишнината на смртта на отец Методиј, македонскиот монах во познатиот руски Валански манастир.
Рускиот министер за надворешни работи испрати сериозни дипломатски пораки до двете балкански држави кои се зачленија во НАТО, Македонија и Црна Гора. Ги нарече инструмент во антируската игра на западот кој премногу ветувал особено на Македонија.
-Сега има огромна разлика меѓу она што Црногорците и Македонците го чувствуваат за Русија, и она што нивните политичари се принудени да го прават од Брисел, ЕУ, НАТО. Тоа е обид да ги направат „инструменти“ во антируската игра. Тоа, исто се обидоа да го направат и со Украина и со голем број други источноевропски земји. Државата стана Северна Македонија за тоа, за да влезе во ЕУ (каде тоа не помина и нема да биде прифатено наскоро иако е решено прашање). Наместо тоа, ја вовлекоа во НАТО, почнаа да подтпалуваат чувство на русофобија, на агресивна политика кон Руската Федерација, изјави Сергеј Лавров за „Асоцијација Наше Кино“.