Шеесет и седум годишниот Драге Ц. кој на 21-ви месецов беше пријавен за исчезнат е пронајден починат, потврдува МВР.
Од МВР информираат дека вчера попладне неговиот син С.Ц.(43) од Крива Паланка пријавил дека на место викано „Цоневи ливади“ во с.Жидилово, кривопаланечко, го пронашол починат неговиот татко Д.Ц.(67).
-Увид извршила екипа од Полициската станица Крива Паланка, а смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, велат од МВР.
По овластување на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на семејството.