Гугл го отпушти високиот софтверски инженер Блејк Лемојн, кој тврдеше дека неговиот чет-бот базиран на вештачка интелигенција LaMDA има самосвест на седумгодишно дете.
Гугл, кој минатиот месец го испрати Лемоин на платено отсуство, рече дека тој ја прекршил политиката на компанијата.
„Да не знаев дека тоа е компјутерска програма што неодамна ја создадовме, би помислил дека зборувам со седумгодишно, осумгодишно дете кое случајно знае физика“, рече еднаш инженерот Блејк Лемојн, пишува Вашингтон пост.