Хрватска е во добро друштво, коментар на Пленковиќ на последната одлука на Москва

Од:

Хрватска е во добро друштво, е кусиот коментар на премиерот Андреј Пленковиќ по повод одлуката на руската Влада да ја стави Хрватска на листата непријателски земји.

За потсетување, Владата во Москва денеска ја додаде Хрватска на листата непријателски држави, заедно со Словенија, Грција, Данска и Словачка.

Со одлуката има се забранува на Хрватска и на Словенија да вработуваат руски државјани во своите дипломатско-конзуларни претставништва, додека за Грција тоа е органичено на 34 лица, за Данска 20 и за Словачка 16 лица.

„Пописот одобрен од Владата не е конечен, и со оглед продолжувањето на непријателските активности на странските држави против руските мисии во странство, тој би можело да биде проширен“, се наведува во соопштението на руската Влада.

Во мај минатата година слични органичувања беа воведени за дипломатските преставништва на САД и на Чешка.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

На Шолц му е кажано: „Русија е непобедлива“

Целите се означени: Украина е подготвена да нападне

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања

Русија ги нападна Киев и другите украински градови со беспилотни летала

Русија е против идејата на Ердоган кој вели Крим да е под контрола на Украина

Горан Наумовски

Русија: Шест британски дипломати обвинети за шпионажа