Роднина на Путин го откри приближниот број на исчезнати руски војници во војната со Украина

Од:

Ана Цивилева, роднина на рускиот претседател Владимир Путин и заменик министер за одбрана во Државната дума, случајно го откри приближниот број на исчезнати руски војници во војната со Украина.

Имено, како што изјави Цивилева, руските власти примиле 48.000 барања за ДНК тест во потрагата по исчезнатите руски војници.

Состанокот, на кој беа вклучени воени ветерани, се пренесуваше во живо се додека Цивилева не го откри бројот на барања за ДНК-тестирање.

Преносот во тој момент веднаш бил прекинат, според медиумите, но луѓето успеале да ја снимат нејзината изјава.

Според NEXTA, претседателот на Комитетот за одбрана на Државната дума, Андреј Картаполов, побарал „овие бројки да не се спомнуваат никаде на друго место“, а оваа информација да биде отстранета од официјалните документи.

Би можело да ве интересира

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски

Цените на дизелот се зголемуваат ширум светот по новите санкции кон Русија