(ВИДЕО) Нападната руска база полна со бомбардери

Од:

Русија била цел на напад со беспилотно летало врз воена база во близина на Рјазан и пристаништето Новоросијск, пренесува каналот Астра Телеграм.


Снимката од експлозијата која кружи на Интернет укажува на сериозноста на ситуацијата. Меѓутоа, гувернерот на регионот Рјазан, Павел Малков, тврди дека одбранбените сили собориле три беспилотни летала.


Овие напади укажуваат на продолжување на тензиите во регионот и потенцијална ескалација на конфликтот. Руското Министерство за одбрана потврди дека повеќе од 20 украински беспилотни летала биле пресретнати во шест региони.

Мета на беспилотните летала била воздухопловната база, која се наоѓа на 500 километри од фронтот и каде се наоѓаат стратешките бомбардери и авионите за полнење гориво, како и пристаништето Новоросијск, каде се стационирани ракетни носачи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Украина: Нападнавме важна руска фабрика за барут

Горан Наумовски

Дронот „Принц Вандал“ му нанесе штета на НАТО од 300 милиони долари

Горан Наумовски

Бајден воведува нови санкции кон Русија на самиот крај на неговиот мандат

Енергетски објекти во Русија денеска беа нападнати од Украина

Русија: Добро е што тимот на Трамп почна да зборува за реалноста на теренот во Украина

Русите имаат нов дрон, го нарекуваат „TРАМП“

Горан Наумовски