Сали Бериша непожелен и за Велика Британија

Од:

Поранешниот албански претседател и експремиер, Сали Бериша, по информациите, дека Велика Британија ќе прогласува непожелни личности во Албанија, за медиумите потврди дека неговото име е на списокот на лица санкционирани од британската влада.

Бериша го прочита писмото добиено од британскиот министер за внатрешни работи, кој му забранува влез во Британија, притоа откривајќи ги и причините за ваквата одлука.

-Неколку часа откако Еди Рама ја соопшти веста за одлуката што ќе ја донесе владата на Обединетото Кралство, со писмо бев информиран дека министерот за внатрешни работи донел одлука да не ми дозволи влез со образложение, рече Бериша.

Според него во образложението стои дека тој имал јасни врски со организирани криминални групи и криминалци, кои претставуваат ризик за јавната безбедност во Албанија и Обединетото кралство и дека сте подготвени да ги користите овие врски за да ги унапредите вашите политички амбиции.

-Втора точка во образолежението се однесува на мојата наводна корупција и богатење, и круговите на мои блиски луѓе, каде што како пример се споменува поранешниот советник за избори Дамир Фазлич, кого според нивна процена сум го бранел кога против него излегоа инкриминирачки докази, посочи Бериша.

Иако, додаде тој, како што стои во оваа одлука, таа е доверлива и, иако претставниците на Обединетото кралство во Тирана изјавија дека нема да ги објавуваат имињата, јас донесов одлука да објавам јавно за граѓаните Албанци, пред кои „отсекогаш сум бил искрен, во добро и во лошо, секогаш сум се борел во одбрана на нивниот интерес“.

Тој обвини дека и одлуката на САД и ова е плод на „ обвинувањата и лобирањето на премиерот Еди Рама и мулкимилјаредсот Џорџ Сорос“.

-Ова има за цел да ја задржи на власт најкорумпираната влада во Европа, која со насилно земениот глас на граѓаните го врати целосниот монизам во земјата и ја краде и жртвува Албанија и Албанците, ја води државата до банкрот за да ја купи и зачува моќта. Уште еднаш повторувам, дека првиот момент кога владата на Обединетото Кралство, или која било друга странска влада или некој ќе докаже а да не лаже, со доказ и факт за корупција, јас самиот за себе ќе донесам одлука, рече Бериша.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он