Динеш Гунавардена денеска положи заклетва како премиер на Шри Ланка

Од:

Високиот функционер во Парламентот на Шри Ланка, Динеш Гунавардена денеска положи заклетва на премиерската функција, еден ден откако Ранил Викремесинге положи заклетва како претседател.

Гунавардена положи заклетва во присуство на Викремесинге, седејќи пред униформирани воени офицери во просторија преполна со пратеници и други функционери, а остатокот од кабинетот се очекува да положи заклетва подоцна денеска.

Положувањето заклетва се случи само неколку часа откако безбедносните сили извршија рација во камп на демонстранти во главниот град Коломбо и уапсија најмалку девет лица.

Тешко погодена од пандемијата на коронавируот, проблемите предизвикани од конфликтот во Украина и лошите економски одлуки на владата, Шри Ланка е во својата најтешка економска криза од независноста од Велика Британија во 1948 година.

Инфлација над 50 отсто, недостигот на храна, гориво и лекови изнесоа илјадници луѓе на улиците за време на повеќемесечните протести што кулминираа со соборувањето на поранешниот претседател Раџапакса и ја принудија земјата да побара странска помош.

Викремесинге прогласи вонредна состојба и побара помош од Меѓународниот монетарен фонд.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Милион и половина евра од ЕУ за хуманитарни цели во Шри Ланка

Ана Ололовска

Побегнатиот поранешен претседател на Шри Ланка, Раџапакса се врати во татковината

Ана Ололовска

Владата на Шри Ланка бара ограничување на ингеренциите на претседателот

А1он

Протест против владината репресија на Шри Ланка

Парламентот на Шри Ланка изгласа продолжување на вонредната состојба

Досегашниот премиер на Шри Ланка избран за претседател на земјата