Македонија ЃП со десетмина на терен одигра 0:0 против ЦСКА Софија

Од:

Македонија Ѓорче Петров ремизираше без голови против ЦСКА Софија на комплексот на ФФМ и тоа може да се процени како успех, со оглед дека тимот на Муарем Бајрами цело полувреме играше со фудбалер помалку. Во 45.минута, „лавовите“ останаа со десетмина по исклучувањето на Матеус Ламос.

Фудбалерот на Македонија ЃП експресно доби два жолти картони и мораше да го напушти теренот. Сепак, и без него „лавовите“ успеаја да задржат реми без голови.

ЦСКА Софија еднаш се закани посериозно во првото полувреме, а во второто изгледни можности имаа Туфегџиќ и Крастев. Кај Македонија ЃП, Ермедин Адем имаше шанса која не ја искористи, а Мишевски од слободен удар шутираше непрецизно.

Реваншот е за седум дена во Софија.

Би можело да ве интересира

Силекс ја победи Македонија ЃП во Ѓорче Петров

Македонија ЃП бара начин да ја освои Софија, иако ЦСКА е фаворит

Крвава тепачка помеѓу навивачите на Вардар и Македонија ЃП

Габриела Димковиќ-Мишевска

Македонија ЃП подобра од Вардар

А1он