ЕУ го усвои пакетот за „одржување и усогласување“ на санкциите против Русија

Од:

Советот на ЕУ соопшти дека денеска е усвоен предложениот пакет за усогласување и одржување на санкциите против Русија, предложен од Европската Комисија, целта е да се врши мониторинг на нивната имплементација, јави дописничката на МИА од Брисел.

Наместо седми пакет нови санкции кои ризикуваа да предизвикаат големи тензии во ЕУ доколку тие се однесуваа на гасот, Европската Комисија оцени пред неколку недели дека она што е важно во овој момент е да се врши надзор врз правилно применување на веќе постоечките санкции.

Пакетот за “одржување и усогласување“ на санкциите ја исполнува таа цел.

-Денеска правиме нов важен чекор во ограничувањето на капацитетот на Русија да продолжи да ја финансира војната на агресија врз Украина. Го забранување најважниот извоз на Русија после енергијата, а тоа е златото. Ги прошируваме исклучоците за трансакции за земјоделските производи и трансферот на нафта до трети земји. Бидејќи ЕУ го извршува својот ден да обезбеди надминување на глобална прехранбена криза. На Русија е да престане да ги бомбардира полињата и залихите на Украина, и да престане да ги блокира пристаништата на Црното Море, изјави високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жозеп Борел, по денешното усвојување на пакетот од страна на земјите членки.

Пакетот усвоен денес воведува една нова санкција врз златото, иако ЕУ не е меѓу големите увозници на овој производ. Санкциите се однесуваат и на златен накит. Дијамантите меѓутоа не се најдоа на листата на санкции.

Воведено е и проширување на контролирани предмети кои можат да и помогнат на Русија да се усовршува на воен и технолошки план.

Земјоделските производи се изземени за да се обезбеди прехранбена и енергетска безбедност во светот, а ќе останат дозволени и банкарски трансакции на ова поле дури и со санкционирани руски банки.

-ЕУ се заложи да ги избегне сите мерки кои би можеле да доведат до прехранбена небезбедност ширум светот. Ниедна од мерките усвоени денеска или порано, во контекст на дејствта на Русија за дестабилизирање на ситуацијата во Украина, не ја засегаат на ниеден начин трговијата со земјоделски или прехранбени производи, вклучително житото и ѓубривото, помеѓу трети земји и Русија, изјавија од Советот на ЕУ.

Им останува дозволено на третите земји исто така да продолжат да набавуваат медицински и фармацевтски производи од Русија.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста