Завршена реконструкција на 12.000 м2 пешачки патеки во вториот дел од Градскиот парк

Од:

Екипите на ЈП Улици и патишта, по интензивната работа во текот на изминатите месеци, ја завршија целосно реконструкцијата на пешачките патеки во западниот дел од Градскиот парк.

Реконструкцијата на пешачките патеки во вториот дел од Градскиот парк по налог на Град Скопје, се реализираше во неколку фази и се одвиваше на вкупна површина од 12. 000 квадратни метри, известува Град Скопје.

Сите оштетени патеки во западниот дел и во средишниот дел кај малите езерца целосно се обновени со нова асфалтна маса и тој дел од паркот е функционален за рекреација и прошетки на граѓаните.

Содржините во вториот дел на Градскиот парк овој месец ги збогатија и екипите од ЈП Паркови и зеленило коишто поставија нова парковска опрема кај езерцата со нов видиковец изработен од дрвени елементи, соопштува Град Скопје.

Изминативе недели екипите ја обновија и оштетената урбана опрема во Градскиот парк, односно ги санираа оштетените клупи и садови за отпадоци, а ги обновија и ги пуштија во употреба по три години чешмите и фонтаните.

Градот Скопје и градските јавни претпријатија континуирано работат на одржување и збогатување на содржините на Градскиот парк истиот да биде пријатно место за рекреација и прошетка на граѓаните, се додава во соопштението на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Арсовска: Оф бе Боби, седи Боби, кец

Предраг Петровиќ

Град Скопје: Во сабота и недела ќе се реализира авионска дезинсекција против комарци

Арсовска достави документи за 20 случаи за легализирани дивоградби во Чаир до Обвинителството за организиран криминал

Катерина Ѓуровски

Град Скопје: Фирма затекната при вршење нелегални активности, правење дива депонија со градежен и опасен отпад

Ќе креираат хаос, ќе го дестабилизираат Скопје за да дефокусираат, тврди Данела Арсовска

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Во време кога нема автобуски превоз, Скопје се дави во ѓубре и се занимава со циркусот Данела, што сработи синот на Блерим Беџети за 12 илјади евра интелектуални услуги?