ВМРО-ДПМНЕ: Во Брисел имаше фотосесија, за вистински старт треба промена на Уставот, тоа нема да го дозволиме

Од:

Во Брисел имаше фотосесија, за вистински старт треба промена на Уставот и обезличување кое го прифати Ковачевски, а ВМРО-ДПМНЕ нема да го дозволи велат од опозициската партија.

– Нема почеток на преговори додека не се смени Уставот и спроведе бугаризација. Ковачевски ја стави Македонија во подредена положба и го услови почетокот на преговорите со промена на Уставот. Заради Ковачевски трајно се нарушени преговарачките позиции на Македонија. Предавникот Ковачевски, од позиција на премиер ја стави Македонија во потчинета положба во однос на Бугарија. И проблемот кој Бугарија го имаше со нас, го направи проблем кој ЕУ го има со нас. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи да се реализира планот за бугаризација на Ковачевски. ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи и нема да дозволи промена на Устав се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела