Стоперот на Севилја, Жил Кунде е на прагот на трансфер во Челзи. Клубот од Лондон договорил се со Кунде околу трансферот вреден вкупно 55 милиони евра.
Челзи долго време беше заинтересиран за Французинот и за малку пропушти да го ангажира на последниот ден од минатиот летен преоден рок.
Севилја сега очекува официјална понуда од сините, која ќе биде нешто повисока од лани кога планираа да платат 50 милиони евра.
За Кунде беа заинтересирани и Пари Сен Жермен и Барселона.
Во Челзи веќе пристигна Калиду Кулибали од Наполи за 40 милиони евра.
Кунде одигра 133 натпревари за Севиља во сите натпреварувања и постигна девет гола.
Извор: Топспорт