Либанската полиција уапси четири лица под сомнение дека подготвувале бомбашки напад.
Полицијата во Намех, на 15 километри јужно од Бејрут, во автомобилот на уапсените открила пет контејнери со ТНТ и нитроглицерин.
Четворицата се осомничени дека го подготвувале експозивот за евентуален напад со автомобил-бомба.